Македонија

Денеска во Косово ќе се официјализира Вреди како единствена партија – Ќе има два претседатела, Изет Меџити и Билал Касами

„Денеска во местото Преказ, во Косово, во домот на семејството Јашари, се очекува официјалното ракување на лидерите на коалицијата Вреди, што ќе и даде живот како една единствена партија. Концептот на Вреди како коалиција првично беше воспоставен кога влезе во политичката трка за парламентарните избори во Македонија во 2024 година.“ – објавија ТВ Алсат и информативната агенција Илирија-ИНА.

Натаму албанските медиуми известуваат: Партиите постигнаа согласност Вреди да има два претседатела, Изет Меџити, досегашен лидер на Демократското движење, и Билал Касами, досегашен лидер на Беса, потоа да има два потпретседатела, независниот пратеник Илир Демири и официјалниот претставник на кoсовската партија Ветвендосје (Самоопределување) за Македонија Беким Ќоку, а генерален секретар на Вреди како Партија да биде Беким Сали, кој е вицепремиер и министер за европски прашања.

Според Касами, Илир Демири формално ќе се приклучи на пратеничката група, а се работи на натамошно проширување на бројот на пратеници. „Независниот пратеник Илир Демири веќе е дел од коалицијата Вреди. Наскоро и тој ќе биде дел од оваа политичка групација што е во Владата и во Собранието. Од моментот кога ќе се разјасни Вреди како политичка структура, како политичка партија, ќе имаме и други очекувања, бидејќи сме во разговори и со други пратеници…“ – изјави Билал Касами.

При конкретизацијата на Вреди како партија ќе се преформулираат и заедничката политичка програма и структурите: во Собранието на Вреди секоја досегашна поодделна партија ќе има 20 осто од членовите. Вреди наскоро ќе има нов портпарол, кој ќе биде дел и од други партиски форуми, каде што ќе се дискутираат важни теми, објавија ТВ Алсат и Илирија-ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top