Од Министерство за внатрешни работи информираат дека најголем дел од санкционираните, седум лица, управувале возило без возачка дозвола. Четворица од нив биле затекнати во Скопје, а по еден во Гостивар, Кавадарци и Велес, каде меѓу нив имало и малолетник.
Дополнително, двајца возачи биле приведени во Струмица поради возење под дејство на алкохол, додека во Ресен бил уапсен возач кој управувал автомобил и покрај активна забрана за возење од Б категорија.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без дозвола или под дејство на алкохол и со тоа да придонесат за побезбедни патишта.