Македонија

ДИК ги отфрли приговорите, општина Чашка ќе ја води Суат Шаќири

Државната изборна комисија ги отфрли приговорите за неправилности за време на гласањето во општина Чашка

 

 

За време на разгледувањето на приговорите поднесени од македонските партии, се одржа дебата меѓу политичките претставници и членовите на ДИК.

Приговорите на ВМРО-ДПМНЕ беа оценети како неосновани и беа едногласно отфрлени, а приговорите на коалицијата на СДСМ, претставникот на коалицијата ги повлече во моментот на одржување на седницата, објави Телеграфи.

Неколку десетици граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка, објави Фактор.

ДИК одлучуваше по пет жалби за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница, поднесена од страна на СДСМ.

Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top