Македонија

ДИК го изгласа Упатството за намален број на советници, Шеху од ДУИ ќе го оспори пред Управен суд

Претседателот на ДИК Борис Кондарко нагласи дека тие немаат ингеренции да навлегуваат во содржината на одлуката на Владата на Македонија и оти немаат друга законска можност освен да постапуваат врз основа на неа

„Со 5 гласа за и 1 против Државната изборна комисија го усвои Упатството за пополнување образец на листи за кандидати за членови на совети на општините и на Град Скопје. Единствено против ова упатство беше Дитмире Шеху, членка од редовите на ДУИ. Таа смета дека тоа упатство не може да биде донесено врз основа на одлука на Владата, со што предвид се земаат само резидентните жители, а не и иселениците, поради кое се намалува бројот на советници во 14 општини. Шеху најави дека ова упатство ќе го оспори пред Управниот суд.“ – објави ТВ 21

Натаму телевизијата наведува: „Чудно е што секторот за правни работи на ДИК го нагласува зборот ‘жител“ и ми кажува мене тука дека е во согласност со законот со законот, каде што основата за одредување на бројот на советници е резидент’ и зборот ‘жител’ во законот за локална самоуправа подразбира дека се жителите резидентни.“ – изјави Дитмире Шеху.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека тие немаат надлежности да навлегуваат во содржината на одлуката на Владата и оти немаат друга законска можност освен да постапуваат по неа.

„Ние не можеме да навлегуваме во Законот за попис во дефиниција на термините жител, резидент и така натаму: немаме никакво право како Државна изборна комисија да го толкуваме тоа. За нас е важно дека, одлуката, каква е – таква е, легитимна е, во важност е  и во правна сила. Немаме друг акт и друго законско овластување, врз основа на кое би постапувале при определувањето на бројот на советници во општините.“ – посочи Кондарко.

Ваквата одлука на Владата произлезе од пописот на население, кој покажа намалување на бројот на жители. Поради тоа, согласно со Законот за локална самоуправа беше донесена одлука за намалување на бројот на советниците во одредени општини, каде што се покажа дека е тоа потребно. – објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top