Македонија

ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови

За околу 9.000 лица, болни и немоќни беа поднесени барања за гласање во домашни услови.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница разгледуваше приговори за лично избирачко право и од болни и немоќни лица на кои не им било прифатено барањето за гласање во домашни услови. На седницата беа прифатени неколку од овие приговори. Членовите на ДИК нагласија дека на лицата, на кои им се прифатени приговорите за лично избирачко право, бидејќи ги нема во Избирачкиот список, кој веќе е заклучен, и во апаратите за биометриска идентификација, кога ќе одат на гласање треба да го носат решението, што ќе им биде издадено од ДИК.

За околу 9.000 лица, болни и немоќни беа поднесени барања за гласање во домашни услови. Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека вакви приговори веќе нема да разгледуваат, бидејќи рокот за нивно поднесување завршил синоќа на полноќ.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница акредитираше уште 9 набљудувачи од ЦИВИЛ, 24 набљудувачи од Совет на Европа и двајца набљудувачи од Wake up. Досега се акредитирани 1340 набљудувачи, од кои 699 домашни и 639 меѓународни набљудувачи и двајца странски новинари.

Претседателот на ДИК Кондарко информираше дека нема да се спроведе гласање за осум лица во Домот за стари лица Арија, кој е затворен согласно со дописот, што до нив пристигнал од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

To top