Македонија

Осомничен дилер на дрога сепак не ѝ избега на полицијата

По бегството МВР распиша меѓународна потерница

Четири дена траеше потрагата по осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров-Цуна, кој им избега на полицајци во Кочани низ прозорец од полициската станица — тој доцна вечерва е уапсен во Скопје, објави „Скопје1“ повикувајќи се на извори во МВР.

Откако Цуната го изведе бегството, а тоа предизвика силни реакции во јавноста на сметка на полицијата, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница. Од тоа се навестуваше дека имало информација оти тој избегал во странство, но сепак беше пронајден во Скопје.

Лазаров, кој на полицијата ѝ е познат од порано, бил во станицата вечерта во саботата откако го привеле заедно со двајца придружници, поради тоа што, според информациите кои беа објавени, полицијата во автомобилот им нашла бела прашкаста материја.

Цуната беше спомнат и на судењето за трагедијата во Кочани, кога сведок го наведе како „главен дилер на дрога“ во дискотеката „Пулс“, кој бил повеќепати апсен и пуштан.

Вчера полициската станица во Кочани ја посети директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој рече дека „локални шерифи нема да постојат“, како и дека „криминалците ќе бидат пронајдени, а секој што помогнал, дозволил или премолчел незаконско постапување ќе сноси одговорност.

Внатрешната контрола во МВР истражува дали некој од кочанските полицајци „замижал“ и му помогнал на Цуната да избега.

Најнови вести од: Македонија

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top