Македонија

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

Министерството за финансии останува посветено на градење поотпорен, постабилен и поефикасен систем на јавни финансии. Унапредувањето на фискалната рамка е во интерес на економската стабилност и долгорочниот развој на државата. Ова го порача министерката за финансии на стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, во организација на Фискалниот совет.

  • „Современото управување со јавните финансии бара долгорочна визија, јасни правила и институционална стабилност коишто овозможуваат предвидливост, дисциплина и одговорност во носењето на одлуките. Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со комплексен предизвик на балансирање меѓу потребата од консолидација и потребата од развој. Затоа е неопходно внимателно управување, силни институции и доследна примена на фискалните правила“, истакна министерката.

Таа посочи дека денешната расправа се одвива во фазата на усвојување на Фискалната стратегија за период 2027-2031 година како клучна рамка за среднорочното управување со јавните финансии.

  • „Оваа стратегија е резултат на јасна определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните средства во услови на зголемени глобални ризици, енергетска нестабилност и потреба од зачувување на макроекономската стабилност. Таа има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален пат, без да се наруши економската активност и социјалната сигурност на граѓаните“, рече Димитриеска-Кочоска и додаде дека со неа во периодот до 2031 година е предвидено постепено намалување на буџетскиот дефицит и негово светување на ниво од 2,8%.

Според неа тоа претставува јасен сигнал за определбата за постепена фискална консолидација и усогласување со европските фискални стандарди, како и за зајакнување на кредибилитетот на фискалната политика. Таа појасни дека во насока на постигнување на овие цели, Владата ќе спроведува континуирани мерки и на приходната и на расходната страна на буџетот, со цел да се обезбеди одржливост, ефикасност и поголема транспарентност во управувањето со јавните финансии.

  • „Министерство за финансии, ја гледа оваа улога како важен партнерски елемент во креирањето на фискалната политика. Независната експертиза и критичката анализа ја прават политичката одлука поинформирана, поквалитетна и поодржлива“, посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката ја истакна и улогата на Фискалниот совет во креирањето на фискаланта политика преку своите анализи и мислења.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

To top