Македонија

Димитриевски: СДСМ е друштво во ликвидација и стечај, ликвидатор му е Филипче, а го координираат од Струмица!

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички лаги и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики, поради кои ја изгуби довербата на граѓаните. Тој оценува дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

По новите обвинувања од СДСМ претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски нагласи дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како „проблем на другите партии“. – Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, постојано сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани – изјави Димитриевски.

Тој истакна дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички лаги и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај. – Тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“- истакна Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ посочи дека најсилниот одговор на ваквите напади е сè поголемата поддршка што Движењето ЗНАМ ја добива на средбите со граѓаните низ целата држава. -Ние нема да се занимаваме со лаги и измислици. Ќе продолжиме да разговараме со граѓаните, да нудиме решенија и да работиме за европска Македонија со силни институции, национално достоинство и одговорна политика – заклучи Димитриевски.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top