Македонија

Димитров: Македонија не може да си дозволи да прави нови непријатели, ниту да ги создава од историските пријатели

Бившиот шеф на дипломатијата во интервју за „Локално“ вели Македонија, иако во Нивици ја потпиша „Северна“

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Локално“ се осврнува на новата безбедносна стратегија на САД.

„Замислете го овој наратив! Светот живее во предвоена хистерија. Македонија не може да си дозволи да прави ниту нови непријатели, а камоли нив да ги создава од историските пријатели и стратешки сојузници. Ние имаме одговорност да го гледаме нашиот интерес, а притоа да ги запазиме клучните европски вредности кон кои се стремиме, без разлика колку се тие загрозени и во самата ЕУ. Изнаоѓањето на тој совршен баланс е она што е потребно и каде мора да сме мудри и способни. Обично се вели дека малите држави го немаат луксузот да бидат принципиелни. Јас, сепак, мислам дека простор за принципелност на големите прашања има, и наша задача е тој баланс, што го споменав, вешто да го постигнеме“, вели потписникот на Преспански договор, кој ѝ го смени личниот опис на македонската држава, вклучувајќи го и името, а самиот го користи „старото“.

Најнови вести од: Македонија

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top