Македонија

Димовски прашува: Зошто Македонците ставаат лајкови на нивниот негатор, српски пропагандист

Зошто Македонците не можат да ги препознаат своите негатори

Екс пратеникот Илија Димовски поставува логично прашање кое се однесува на лекоумоста на македонските граѓани кои поддржуваат видео на српски пропагандист кој шири лаги за Македонците.

Српскиот квази новинар Борис Малагурски пред неколку дена објави видео во кое објавува небулози за создавањето на македонската држава и нација.

Наместо да биде осуден за своите лаги за Македонците Малагурски е споделуван од огромен број Македонци.

,,Да ми објасни некој:
Што е причината и зошто воопшто Македонци лајкнувале и би лајкнувале на видеото на Малагурски?”, прашува Димовски.

Српско-канадскиот режисер и политички коментатор Борис Малагурски објави контроверзно видео насловено „Вистината за потеклото на Македонците”, кое предизвика силни реакции во јавноста поради неговите лажни тези поврзани со македонскиот идентитет и историја.

Во видеото Малагурски го оспорува македонскиот идентетот.

Малагурски изнесува тврдење дека „Македонците никогаш не биле Македонци“, туку дека населението низ вековите го менувало својот идентитет во зависност од тоа која сила доминирала со земјата.

Во видеото се застапува тезата дека на територијата на Македонија историски живееле Срби и Бугари, обидувајќи се да го прикаже македонскиот национален идентитет како понова, вештачка креација.

Во видеото се разработуваат и актуелните политички односи со Бугарија, уценувачкиот пристап на Софија на патот на Македонија кон ЕУ, како и перцепциите на соседите кон македонската нација.

Едно од објаснувањето е дека Македонците воопшто не го гледале видеото и ставиле лајк на невидено очекувајќи прорускиот пропагандист да каже нешто добро за Македонија.

Второто објаснување е дека тие што ставиле лајк или го споделиле видеото на Малгурски не разбрале што кажува тој.

Третата опција е дека тие што гледале со согласуваат со дел од тезите на Малагурски кои се однесуваат на дел од емисијата која се однесува на уцените од Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top