Македонија

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор.

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, додека Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази.

Четиринаесетгодишната Вања и 74-годишниот Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Според обвинението, Палевски, Манев, Водевски и Кешишов, според обвинението, заедно го испланирале грабнувањето на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното семејство да даде пари за откуп, а убиството на Жежовски од Велес било направено со намера да го земат неговото возило и да го искористат за грабнувањето на Вања.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Најнови вести од: Македонија

To top