Македонија

Драма во Струмичко: Во последни секунди хеликоптерските посади спасиле животи

,,Беше паднал на линијата од огнот од вдишување на чад”

Во драма која се случувала во Струмичко во последни секунди пред да биде предоцна македонски хеликоптерски посади спасиле неколку  животи

 

Луѓето од еликоптерите со прецизни фрлања на вода го спречиле огнот да дојде до луѓе во опасност.

Во операцијата учествувале и припадници на МВР Струмица и специјалната полициска единица со возилата пинцгауери кои со командирот презеле соостветни мерки.

 

Ова го раскажува заменик директорот на Јавното претпријатие Македонски шуми Кире Михаилов кој ќе мора да одмори неколку дена откако бил примен во болница.

Михаилов кој на јавноста и стана познат како ,,Македонскиот Елиот Нес” поради жестоката пресметка со шумската мафија раскажува што се случувало:

 

ЕКИПО, ОДАМ НА НЕКОЛКУДНЕВНА ПАУЗА❗️

 

И така веќе една година откако сум назначен за Директор немам користено одмор, па штом незнам редовно, еве тогаш присилно, 😊.

 

Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднал на линијата од огнот од вдишување на чад бранејќи ја викендицата на чичко му и беше буквално дезориентиран.

 

Се надевам за кратко и чичко му и братучед му кои останаа на викендицата заобиколени од сите страни од огнот, ќе бидат добри.

 

Морам да се поклонам на дечките од хеликоптерите кои со прецизни фрлања го спречија огнот да дојде до нас, а уште повеќе на дечките од МВР Струмица и специјалната единица со пинцгауерите кои заедно лично со командирот Никола на СВР Струмица го направија буквално невозможното.

 

Браво дечки, поклон!

 

И само да знаете почитувани мои пријатели, воопшто не жалам што сум овде, туку жалам за тоа што после 5 дена лавовска битка, денеска конечно оганот ни излезе од контрола и влезе на територијата на општина Радовиш!

 

За кратко се гледаме повторно онаму каде ќе бидам најпотребен, рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло, за арно и убаво.

 

Да сте ми живи, здрави и среќни сите,

а нашата МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна!

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top