Македонија

Државата ќе враќа 50 милиони евра – Што е со солидарниот данок?!

Иако Уставниот суд ѝ даде на државата рок од пет години да ги врати парите, стопанствениците ги побараа назад што е можно побргу, бидејќи како што рекоа, тие имаа рок од само неколку месеци да уплатат милионски износи. Од Министерството за финансии нема конкретен одговор дали се предвидени пари во предлог-буџетот за 2026 за враќање на солидарниот данок, туку само коментар дека во тек се доставувањата на одговори од компаниите за тоа дали е прифатлив предлогот за двократно раздолжување.

Државата уште чека повратни одговори од компаниите за тоа дали се согласуваат наплатениот солидарен данок, кој потоа како законско решение падна на Уставен суд, да им го врати на две рати – еднаш во март 2026 и еднаш во март 2027. Неофицијално, дознаваме дека „Макстил“, кому му се должи најмногу како на најголем уплатувач на овој вонреден кризен данок, се согласил да ги почека ратите затоа што има добри резултати во тековната година, но останува да се види какви ќе бидат реакциите на другите даночни обврзници кои сега се побарувачи, објави Фактор.

Уставниот суд во февруари донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок кој го воведе Владата на Димитар Ковечевски во 2023, кој веќе не важи. За неважечкиот закон кој служеше едноократно, државата сега ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании, кои во еден наврат им ги наплати затоа што имале голем скок во добивките во текот на енергетската  и ковид кризата.

Иако Уставниот суд ѝ даде на државата рок од пет години да ги врати парите, стопанствениците ги побараа назад што е можно побргу, бидејќи како што рекоа, тие имаа рок од само неколку месеци да уплатат милионски износи. Од Министерството за финансии нема конкретен одговор дали се предвидени пари во предлог-буџетот за 2026 за враќање на солидарниот данок, туку само коментар дека во тек се доставувањата на одговори од компаниите за тоа дали е прифатлив предлогот за двократно раздолжување.
  • Министерството за финансии постапува по задолжение на Владата согласно одлуката донесена од страна на Уставниот суд од 5 февруари 2025 година. Согласно задолжението на Владата беше доставено писмо со предлог до компаниите, средствата да бидат исплатени на две рати, односно првата исплата да биде на март 2026 година, втората исплата да биде во март 2027 година без дополнителни побарувања од страна на даночните обврзници. Компаниите доставуваат одговори во кој се изјаснуваат за предлогот доставен од Министерството за финансии и согласно договореното ќе се превземат натамошни дејства за започнување на постапката за враќање на средствата. Во 2023 година врз основа на Законот за солидарен данок 156 компании уплатија во Буџетот околу 3 милијарди денари, ни рекооа од Министерството за финансии.

Законот за дополнително оданочување со солидарен данок падна на Уставен суд најмногу поради ретроактивноста со што се нарушуваше принципот на правна сигурност, и се сметаше дека удира врз конкурентноста на домашните компании.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top