Македонија

Државен советник во МВР вработувал полицајци кои не ги исполнувале критериумите

Поднесена кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Џ. и В.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот А.Џ., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за правни работи во Кабинет на Заменик на министерот во МВР, во својство на член на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во Министерството за внатрешни работи, на 15.07.2022, при вршење на селекција на пријавените кандидати, своерачно се потпишал на табеларниот преглед – рубрика „исполнува критериуми“ на кандидат за полицаец, иако според податоците кои биле внесени, кандидатот не ги исполнувал условите.

Второпријавената В.Ш., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за управување со човечки ресурси во Кабинет на Министерот за внатрешни работи, во својство на Претседател на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во МВР, не го спречила првопријавениот своерачно да се потпише во табеларниот преглед на постигнати резултати со што дозволила кандидатот за полицаец да биде внесен во ранг листата на кандидати кои поминуваат во следната фаза на тестирање и му овозможиле да биде избран и упатен на основна обука за полицаец во Центарот за обука при МВР.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

To top