Македонија

ДУИ со резолуција до Собранието за косовските лидери обвинети во Хаг

Резолуцијата бара вреднување на придонесот на институционалните челници и припадници на ОВК за мирот во регионот

По теркот на Косово и Албанија, 13 пратеници од т.н. Национална алијанса за интеграција предводена од ДУИ до македонското Собрание поднесоа резолуција за лидерите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), подоцна и косовски државни функционери, обвинети за воени злосторства од Судот во Хаг.

Во „Резолуцијата за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово“ се бара од Специјализираните совети и од Специјализираното обвинителство „целосно почитување на уставните и меѓународните стандарди во однос на заштитата на основните права и слободи на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селмани и други“.

Резолуцијата во својата трета точка „го вреднува придонесот на институционалните челници и припадници на Ослободителната војска на Косово во процесите на мир, стабилност и евроатлантска интеграција на регионот“.

Специјализираното обвинителство за наведените четворица обвинети побара затворски казни од по 45 години.

„Пратениците со потпишување ги повикуваат сите пратеници на Собранието, без оглед на политичката припадност, да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат Резолуцијата со глас, во функција на зајакнување на универзалните принципи на правдата“, велат од партијата на Али Ахмети.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за злосторства врз Срби, Роми и Албанци, прогласени за „колаборационисти“, во околу 40 притвори на ОВК на Косово, како и во Кукс и Цахан во северна Албанија, од март 1998 до ноември 1999 година.

Главната обвинителка Кимберли Вест прецизира дека обвинетите се одговорни за смртта на најмалку 100 жртви и за малтретирање на стотици лица.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top