Македонија

Дури два случаи на „мајмунски сипаници“ во Македонија

Два случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) а по лабораториски испитуивања потврдени се два случаи на „мајмунски сипаници“ во земјава, откако двајца пациенти биле со симптоми сомнителни за ова вирусно заболување. Од ИЈЗ соопштуваат дека веднаш по приемот на пациентите се постапило согласно протоколите – направени се испитувања за мајмунски сипаници, како и за ХИВ, сифилис […]

Два случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) а по лабораториски испитуивања потврдени се два случаи на „мајмунски сипаници“ во земјава, откако двајца пациенти биле со симптоми сомнителни за ова вирусно заболување.

Од ИЈЗ соопштуваат дека веднаш по приемот на пациентите се постапило согласно протоколите – направени се испитувања за мајмунски сипаници, како и за ХИВ, сифилис и херпес.

„Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на три различни начини, со што лабораториски се потврдија два случаи на мајмунски сипаници“, информираат од ИЈЗ.

Ова е првпат во земјава лабораториски да се потврдат случаи на ова заразно заболување.

Од Институтот посочуваат дека по добиените резултати, веднаш биле известени сите надлежни институции, меѓу кои Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести и Инфективната клиника.

„Докторот кој ги прими пациентите веднаш ги информираше за резултатите, а стручните лица епидемиолози од Институтот се вратија на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица. Се добиваат податоци кои се исклучително важни за понатамошно постапување“, велат од ИЈЗ.

Анкетата со пациентите е сè уште во тек, а на лицата кај кои е потврден вирусот ќе им биде препорачано да се јават на Инфективната клиника.

„Во моментов нема простор за паника. Брзо и навремено се преземаат сите потребни институционални мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени подетални информации“, порачуваат од Институтот за јавно здравје.

Најнови вести од: Македонија

КИЧЕВО: Како последица на поплавите евакуирани и згрижени се 250 лица во Кичево, од кои 61 дете, најмалото има еден месец

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата. Распределуваат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

To top