Македонија

Дурмиши: Се чека став на работодавачите и на синдикатите за минималната плата и потрошувачката кошничка

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите

Владата веќе ја изготви просечната потрошувачка кошничка што, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите ќе биде меѓу точките од дневниот ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), најави за МИА министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На седницата на ЕСС ќе биде објавена и точната сума за колку ќе се зголеми минималната плата.

„Просечната потрошувачка кошничка веќе беше ставена на дневен ред на ЕСС, но одговор – предлози, забелешки, сугестии од другите две страни, работодавачите и синдикатите, сè уште немаме. На оваа седница, што ќе се одржи на 2 март, повторно ќе ја ставам на дневен ред за да ја дискутираме. На крајот, кога ќе ја финализираме, ќе биде објавена пред јавноста потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции. Нема да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите. Да не им сееме магла на граѓаните, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец – рече Дурмиши во петокот.

Тој потсети дека Владата досега многупати зборувала за синдикалната кошничка и ги кажала своите забелешки.

„На пример, тие ги објавуваат податоците 10 дена пред да заврши месецот, ги земаат предвид највисоките цени на прехранбените производи, ги пресметуваат и трошоците за кирија. Според пописот во 2021 година, 90 отсто од нашето население живее во сопствен дом – нагласи министерот.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите.

Најнови вести од: Македонија

Грчкиот премиер Мицотакис би можел да ја посети Македонија во наредниот период

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

To top