Македонија

„Два града иста болка“ – во Кочани собир за солидарност со Кран Монтана

Тие испратија порака дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија

Со запалени свеќи и во тивка атмосфера, во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани, млади и стари, се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во Кран Монтана – пренесе 24инфо.

На собирот присуствуваа и родители на децата кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие испратија порака дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија.

Во знак на почит кон загубените животи, присутните испуштија 40 бели балони кон небото – симбол на младоста која прерано згасна.

Без говори и без транспаренти, собирот помина во тишина, прекината само од трепетот на свеќите. Пораката беше јасна – болката нема граници, а човечката солидарност ги поврзува градовите и луѓето во најтешките моменти.

Во пожарот во Кран-Монтана животите ги загубија 40 млади луѓе, додека во трагедијата во Кочани, за време на настапот на групата ДНК, загинаа 63 лица.

Најнови вести од: Македонија

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Медиумите одговараат пред публиката, а не пред партиите – остро реагира ЗНМ по соопштението на СДСМ

Опозициската СДСМ преку соопштение со наслов „Зар и ти сине Мечка?“ остро реагираше на, како што велат, „пресвртот“ во уредувачката политика на порталот Инфомакс и „Мечка“. Од партијата упатија критики и кон новинарот Александар Митовски, обвинувајќи дека медиумот започнал со напади кон нив и кон претседателот Венко Филипче.

To top