Македонија

Двајца пратеници имаат можност да добијат по 250 евра студентски ваучери

Пратениците се меѓу студентите кои имаат право на електронска опрема

Двајца пратеници во собранието на Република Македонија имаат можност да добијат по 250 евра студентски ваучери.

Оваа информација за пратениците на Левица ја открива пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бранислав Петрушевски кој ги повика да ја искористат можноста како студенти.

,,Ги повикувам колегите студенти Амар Мециновиќ и Борислав Крмов да аплицираат на јавниот повик од Владата за ваучери од 15.300 денари за електронска опрема.

Така ќе си набават лаптопи и, кога веќе не доаѓаат во Собрание, барем материјалите ќе може да ги гледаат онлајн”, пишува Петрушевски со доза на иронија.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top