Македонија

Двата километри пат кај Блаце завршуваат – никаде (ВИДЕО)

Во понеделникот вечерта, едно возило излетало од автопатот кај Блаце, на делницата од два километри која не води никаде.

 

Причина за инцидентот е недостигот на сообраќајна сигнализација која би предупредувала на опасната делница, објави ТВ21

Сè се случува веднаш по поминувањето на граничниот премин. Патот што води кон Скопје се дели на два сегмента, но левата делница всушност нема никаков излез. За ова нема никаква предупредувачка сигнализација – ниту на почетокот, ниту на средината на патот каде има уште едно раздвојување.

Како последица на тоа, возилата влегуваат по овој пат и одат до самиот крај, каде ги чека куп земја и камења. Потоа се принудени да се вратат назад, но некои веќе настрадале – како во синоќешниот случај кога едно возило завршило зад купот земја, паѓајќи надолу.

„Ова е местото каде завршуваат овие два километри. До мене се гледаат делови од возила – скршено ретровизорно стакло, а малку подалеку има и траги од кочење, каде што возилата се обиделе да сопрат, бидејќи тука нема излез и може да се падне во провалија.“, вели репортерката на ТВ21.

По немилиот настан за кој дозна ТВ21, единственото предупредување дека патот нема крај и дека може да се заврши подолу се предметите што граѓаните ги поставиле на патот.

Работите за овој автопат требаше да започнат за време на новогодишните празници, но заменик-министерката за транспорт изјави дека тендерската постапка е завршена и дека се очекува одговор од Европската банка за обнова и развој за дел од кредитот.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

Најнови вести

To top