Македонија

Две македонски игранки во леринско откажани за да се избегне казна за нарушување на „часовите на јавна тишина“?!

Грчките власти во Егејска Македонија најдоа начин како да им застанат на патот на игранките по селата на кои се игра и пее на македонски, а притоа да избегнат обвинувања за кршење на граѓанските и човекови права. „Музичките фестивали во селата во близина на Лерин беа откажани затоа што луѓето танцуваа и пееја на македонски […]

Грчките власти во Егејска Македонија најдоа начин како да им застанат на патот на игранките по селата на кои се игра и пее на македонски, а притоа да избегнат обвинувања за кршење на граѓанските и човекови права.

„Музичките фестивали во селата во близина на Лерин беа откажани затоа што луѓето танцуваа и пееја на македонски јазик. Две здруженија мораа да откажат, за да избегнат лицемерни казни во врска со часовите на јавна тишина“, алармира на социјалната мрежа Икс активистот и член на Грчкиот Хелсиншки монитор, Василис Царнас.

Како што нагласуваат локалните медиуми, вознемирувачки бил фактот што на локалните фестивали во Лерин, учесниците, илјадници млади мажи и жени, танцуваат и пеат на македонски јазик?!

Партијата НИКИ дури слави со своето соопштение дека со сопствена интервенција во Општина Аминдео и обвинителот на Лерин, секогаш „со тешко срце“, успеала да ги спаси „чистите и убави традиционални фолклорни фестивали во нашиот регион Македонија“, кои, сепак, се трансформираат особено во овој регион „во места за промовирање на иредентистичката пропаганда на Скопската Република. Често се користат специфични оркестри кои презентираат репертоар сосема туѓ на нашите локални традиции“.

За оваа појава извести и телевизијата TVXS со наслов „Лерин / Ги откажуваат панаѓурите во селата затоа што танцуваат и пеат на македонски јазик“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top