Регион

Грчките земјоделци се заканија со 48-часовна блокада на граничните премини

Ако до среда Владата не ги прифати нивните барања, в четврток и петок целодневно затворање на границите најавија фармерите

Грчките земјоделци ѝ дадоа рок на владата во Атина до среда да ги исполни нивните главни барања. Во спротивно, тие ќе започнат целосна блокада на патиштата и на граничните премини во Грција во четврток и петок. Ескалацијата на мобилизацијата започна веднаш по празниците.

Нивните барања се итна исплата на доспеаните европски субвенции, гарантирани минимални цени за основните земјоделски производи заради покривање на трошоците за производство, елиминирање или намалување на ДДВ и други давачки што се товар за земјоделците.

Тие најавија дека ќе ја затворат раскрсницата Бралос во четврток и петок со трактори и возила, „делејќи ја Грција на два дела“, како што најавија на нивниот состанок во близина на Солун.

Во исто време, тие ќе продолжат со блокади во Темпи, затворајќи го националниот пат Солун-Атина, автопатите Егнација и Јонија, како и други важни патишта. Во исто време, блокадите ќе продолжат на царинските пунктови со Македонија (Евзони и Ники), со Бугарија (Промахон, Егзохи и Ормени) и со Турција (Кипи), како и на споредните патишта во многу региони од земјата.

„Во четврток и петок ќе има општа ескалација и владата има можност да предложи решенија за да можеме да започнеме вистински дијалог“, нагласи портпаролот за блокадата на Е65, Костас Целас.

„Пораката што дојде од тука е дека не се повлекуваме, не се плашиме од ништо, без разлика колку закани ни упатуваат, ние сме вкопани на улиците и ќе ја ескалираме борбата против владата што не разбира. Пораката е една – не до Меркосур. Дојде од сите – од салата и од стотици луѓе. Го сметаме премиерот за одговорен“, рече земјоделскиот синдикалист Костас Анестидис.

Потсетуваме дека протестите започнаа кон крајот на ноември поради доцнење во исплатата на земјоделските субвенции по корупцискиот скандал во Грчката агенција за земјоделски плаќања. Сега земјоделците бараат премиерот Мицотакис да не потпишува договор за слободна трговија меѓу Европската унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур, објавува Нова ТВ.

Одговорот од властите не задоцни – утрово во грчката владина резиденција „Максиму“ се одржа итен состанок во врска со тековните протести на земјоделските производители и одгледувачите на добиток. Состанокот го водеше премиерот Киријакос Мицотакис, а на него присуствуваа вицепремиерот Костис Хаџидакис и министерот за аграрен развој и храна Костас Цијарас.

 

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top