Во февруари годинава се издадени 244 градежни дозволи, што е за 10,3 проценти помалку во споредба со истиот месец минатата година. Поголемиот дел од дозволите, 173, се за високи згради, додека планирана е изградба на 309 станови, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Најголем број на одобренија се издадени во Полошкиот регион, 84, по што следуваат Скопскиот регион со 57, Југоисточниот регион, 33, Источниот регион, 21,…
Според издадените градежни дозволи, проценетата вредност на зградите е 14.5 милијарди денари, што е за 195,4 повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени градежни дозволи, 173 (70,9 проценти) се за високи згради, 25 (10,2 проценти) за ниски згради и 46 (18,9 проценти) за згради за реконструкција.
Во извештајниот период е планирана изградба на 309 станови, со вкупна површина од 36.919 квадратни метри. Во Скопскиот регион ќе се градат 138 станови, 83 во Полошкиот регион, 28 во Југоисточниот регион, 27 во Југозападниот регион,…
Од вкупно 244 згради, 174 (71,3 проценти) се во сопственост на физички лица, додека 70 (28,7 проценти) се во сопственост на бизниси.
Во првиот квартал од оваа година, цените на становите во Скопје се зголемија за 16,7 проценти на годишно ниво, додека за 2,1 процент на квартално ниво, покажува индексот на цените на недвижностите, кој го објавува Народната банка врз основа на податоци поврзани со становите објавени за продажба на територијата на главниот град.
Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор