Македонија

„Ѕвездено небо“ за 45. роденден на Тоше Проески

На 25 јануари 1981 година во 11:15 часот во Прилеп се роди една од најголемите ѕвезди на македонското музичко небо

Македонија и регионот денеска одбележуваат 45 години од раѓањето на македонската музичка икона Тоше Проески.

Роден на 25 јануари 1981 година во 11:15 часот во Прилеп, а со место на живеење Крушево, Тоше само за 26 години живот, до трагичната сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година на автопатот Белград – Загреб кај Нова Градишка во Хрватска, остави неизбришлива трага.

Маестралниот глас, хуманоста, добрината и човекољубието што секојдневно го ширеше со препознатливото за него „ве сакам сите“ направија од него не само ѕвезда што според популарноста многу брзо ги надмина границите на родната Македонија, туку и идол, човек кому му се восхитуваа(т) милиони на поранешните југословенски простори, кадешто ја градеше кариерата, но и пошироко.

Преку разни манифестации во Скопје, но и на неговото вечно почивалиште во Крушево, денеска ќе му биде оддадена должната почит на великанот што само физички не е меѓу своите обожаватели, но неговиот дух и понатаму е присутен преку безвременските хитови „Тајно моја“, „Ангел си ти“, „Немаш ни благодарам“, „Чија си“, „Морска ѕвездо“, „Казна моја си ти“, „Сонце во твоите руси коси“, „Усни на усни“, „Игри без граници“…

Почитувачите на Тоше Проески симболично, во своите срца, вечерва ќе го создадат „ѕвезденото небо“, што тој го бараше од нив на секој концерт како еден вид симбиоза на позитивните вибрации со публиката што верно го следеше на патот до една од најголемите ѕвезди на македонското небо не само во музиката.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

To top