Македонија

Еден од најдобрите македонски фудбалери ,,рипна” во грчко тавче, крунисана љубов со Филипа Ксанта

Чурлинов ја озаконил љубовта со преубавата Гркинка

Се ожени македонскиот фудбалер кој на само 16 години настапи за репрезентацијата и со тоа стана официјално најмладиот фудбалер кој го облекол дресот на А-селекцијата на Македонија.

Еден од најдобрите македонски фудбалери Дарко Чурлинов кој сега игра за англискиот премиерлигаш Барнли влегува во брачни води.

Според негови блиски Чурлинов ја озаконил врската со гркинката Филипа Ксанта со која подолго време е во љубовна врска.

Откако во Декември убавата Гркинка му кажала ДА на Македонецот и добила веренички прстен двајцата се заколнале на вечна љубов на гламурозна свадба.

Свадбата се одржала во Грција каде присуствувале голем број блиски на парот од двете земји.

Чурлинов кој народски кажано ,,рипна во тапче” на 25 години ќе нема многу долг период за меден месец затоа што го очекуваат репрезентативните обврски против Саудиска Арабија и Лихтенштајн во квалификациите за светското првенство 2026.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top