Македонија

Екс-антикорупционерката Ивановска даде исказ во Обвинителството

Ивановска даде исказ. Кривичната пријава е од лице за кое е спорно тоа што во ДКСК сме објавиле во јавноста дека е отворен предмет за него.

Поранешната прва антикорупционерка и кандидатка за градоначалничка на општина Центар од „Независни заедно“, Билјана Ивановска самоиницијативно отиде во Обвинителството откако заработи кривична пријава, која ѝ беше врачена само 11 часа откако ја објави кандидатурата.

Ивановска по распитот во Јавното обвинителство кажа дека пријавата е од лице кое биле незадоволно од тоа што предметот бил отворен за него од Антикорупциската комисија, со која раководеше Ивановска. За него спорно било што предметот бил објавен јавно и за него се пишувало во медиумите.

  • Обвинета сум дека наводно начинот на кој ние сме ги отварале предметите во Државната комисија за спречување на корупција и споделувањето во јавност било спорно за пријавителот. На средбата со обвинителката објаснив на кој начин се оформуваат предметите. За конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива од страна на член на Антикорупциската комисија. Предметот се работел, на крај постапката е завршена и тој е затворен без сомнежи. Но, спорно за подносителот е начинот на комуникација со јавноста. Дали на некого не му се допаѓало што потоа пишувале медиумите е негова работа, рече Ивановска по исказот во Обвинителството.

Прашана дали ова го чувствува како притисок поради нејзината кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, Ивановска рече дека треба да се одговори дали сите пријави кои се активирани од 25 јули се доставени на 14 август до сите од страна на полиција.

Полицијата на 13 август во 20:30 ја побарала Ивановска во нејзиниот дом за да ѝ ја достави кривичната пријава. Во моментот таа не била дома, па следниот ден отиде во ОЈО за да ја подигне поканта. Од Обвинителството тогаш ѝ понудија на Ивановска на исказ да се појави дури откако ќе завршат локалните избори, но таа го одби предлогот на јавниот обвинител.

Според известувањето од Обвинителството, кривичната пријава била поднесена на 18 февруари, годинава. Јавниот обвинител поканата ја испратил на 25 јули, а МВР ја достави на 14 август.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top