Македонија

Екс-директор незаконски вработил 68 лица во Здравствениот дом Куманово

Го оштетил буџетот на установата за над 350.000 евра

 

Поднесена е кривична пријава против Ф.А. (43) од Куманово поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Тој е осомничен дека во својство на поранешен В.Д, а подоцна и директор на ЈЗУ „Здравствен дом Куманово“ во периодот во периодот од 2020 до 2024 годин незаконски вработувал лица и исплатил стотици илјади евра од буџетот на установата.

Осомничениот склучувал договори на дело и ангажирал лица без потребните одобрениј од Министерство за здравство ниту потврда за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.

Со ваквото постапување, според пријавата, биле ангажирани вкупно 68 лица со договор на дело, на кои им биле исплатени 21.744.788 денари (околу 353.573 евра), со што била нанесена штета на буџетот на здравствениот дом.

Надлежните најавуваат дека по целосното расчистување на случајот ќе следува понатамошна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top