Македонија

Екс министерот Љупчо Николовски објави дека ја заокружил посетата на САД

Пратеникот преходно објави дека се сретнал и со првата американска градоначалничка од сомалиско потекло

Пратеникот и екс министер на СДСМ Љупчо Николовски кој е дел од парламентарна делегација која замина во посета на Америка објави Екс министерот Љупчо Николовски објави дека ја заокружил посетата на САД.

🇺🇸🇲🇰 Со оваа објава симболично ја заокружувам мојата работна посета на Соединетите Американски Држави, реализирана во рамки на програмата #OWP.

,,Искрена благодарност до американската Влада и до амбасадата на САД во Скопје за поканата и можноста непосредно да се запознаам со работата на американскиот Конгрес и Сенат.

Во изминатите денови остварив бројни средби со членови на Конгресот, нивни советници и директори на канцеларии, соработници на повеќе сенатори, како и со претставници на институции, организации и академската и локална заедница во Вашингтон и Портланд”, објави Николовски кој не открива кој друг бил во делегацијата од Македонија но објавува фотографија од своите колеги од Собранието.

,,На секоја средба ја истакнав важноста Македонија да остане силен, сигурен и кредибилен партнер на Соединетите Американски Држави. Воедно, ја нагласив потребата нашата држава да биде уште поактивно вклучена во американските програми за поддршка на партнерските земји, како и значењето на континуираната американска поддршка за нашата европска интеграција, особено во период кога политиката на проширување повторно добива силен импулс.

Од оваа посета си заминувам со многу нови пријателства, вредни контакти и уште поголема мотивација за понатамошно продлабочување на македонско-американското партнерство и сојузништво.

Пријателствата и партнерствата се градат со доверба, почит и постојана комуникација. Верувам дека токму ваквите средби отвораат нови можности за Северна Македонија и придонесуваат кон остварувањето на нашата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија, со силно македонско-американско сојузништво како еден од темелите на таа визија”, објави пратеникот..

Николовски преходно објави дека се сретнал и со првата американска градоначалничка од сомалиско потекло.

,,Работната посета на САД ја продолживме во Портланд, во сојузната држава Мејн.

На Универзитетот на Јужен Мејн имавме состаноци со повеќе организации на лобисти, со Дека Далак – првата градоначалничка со сомалиско потекло во историјата на САД, како и со Џонатан Вејн, извршен директор на Комисијата за владина етика и изборни практики.

Продолжуваме со интензивна агенда и значајни средби насочени кон размена на искуства и јакнување на американско – македонското пријателство”, објави Николовски.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

To top