Македонија

Екс судија: Институции со криминални инсталации и објавија војна на Владата

Во позадина седат други инсталации на длабоката држава, кодошат по амбасадите и спремаат извештаи

Екс судијата Владимир Панчевски ги анализира денешните апсења во УЈП низ призма на активностите на ,,Длабоката држава”.

Според Панчевски ова апсење може да се гледа од повеќе аспекти кои тој ги дефинира како процес во кој  Институции со криминални инсталации и објавија војна на Владата.

 

,,Апсењето се поврзува со пожарот, а врска нема со истиот, но има позадина обвинителството да прикаже дека власта и нејзини структури се виновни за криминал во нивните редови, нешто слично како со апсењето на директорот на агенцијата за поддршка на земјоделството, а суштината е дека СДС и ДУИ ги користат инсталациите во институциите за борба против власта со подметнување, конструирани случаи, врз кои се става фокусот, за да се дефокусира нивниот криминал и да не се постапува по нивните тешки злоупотреби, а земјоделците да ги изгубат приходите зошто ЕУ ќе ги повлече кога ќе види”, смета Панчевски.

 

,,Ако се вака ажурни институциите да постапат после 7-8 месеци со апсење на веќе познати лица, под претпоставка за корупција врз основа обезбедени докази од телефони што произлегле од друг кривично правен настан и кои ги има обвинителството уште од тогаш, а на чуден начин и покрај забраната од ЗКП ги споделило да бидат објавени на опозициски истражувачки медиуми пред некој месец, се поставува прашање зошто за корупција не се гони и некој од обвинителството кој ги споделил пред некој месец јавно преку одредени медиуми, па нели е и тоа корупција?!”, прашува екс судијата Панчевски.

,,Замислете го и ваквиот след на настани, се случува “Кочани” трагедија од невидени размери, обвинителството со месеци дреме во постапката и се креира предмет во кој сега постапуваат дури 8 обвинители кои веројатно ќе зборат во хор (ова мислам дека не е видено никаде во светот до сега и слободно Коцевски со оваа организација ќе влезе во Гинис за обвинители по глава на предмет – осум – за да манифестира сила или што?) а ваму се жали немал обвинители”, вели Панчевски според кого чудно е како ќе постапуваат овие сите во тимот кога таму има и основни и виши обвинители.

Тој предупредува на можна жалбена постапка со која ќе се наруши системот на двостепеност при што вишите постапуваат пред Апелационен суд.

 

,,За да биде трагедијата поголема иако Коцевски и неговото обвинителство знае за денес уапсениве уште пред месеци во Судскиот совет (оној корумпираниот на Весна Дамева, нели) се бира ВД претседател на Кривичниот суд и тоа сестрата на денес еден од уапсените од УЈП, ама пред да се дознае дека нејзиниот брат е инволвиран во некакви пораки кои наводно укажуваат на корупција?! И ете ти комуњарско сценарио и стратегија, ние ја избравме ама таа е “ваша”(објавија која била и каде работела) и еве брат и фатен во корупција “со докази”, а предметов за пожарот се суди таму во Кривичен, пак власта демек мести нешто?! Клопка до клопка!!!”, анализира Панчевски.

 

Судијата посакува да беа Коцевски и неговите обвинители толку ажурни да ги одземеа денес сите телефони по оваа пракса од цела администрација или еве цела УЈП, па и од целото правосудство судии и обвинители за да се види колку уапсени ќе имаше денес.

,,Ама неее Коцевски и правосудството се тука фокусирани!

Мислам дека институциите со криминални инсталации сериозно и објавија војна на Владата. Во позадина седат други инсталации на длабоката држава кодошат по амбасадите и спремаат извештаи за новиот извештај на ЕУ за 2026, 2027…Само размислувам… “, пишува судијата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top