Македонија

Епидемиологот Даниловски: „Мајмунската сипаница“ не се пренесува лесно…

  Епидемиологот Даниловски по појавата на два случаи на мајмунските сипаници во Македонија смирува дeка болеста не се пренесува лесно и ризикот од епидемија е низок. „Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на мали сипаници (вариола вера). Симптомите обично вклучуваат треска, главоболка, […]

 

Епидемиологот Даниловски по појавата на два случаи на мајмунските сипаници во Македонија смирува дeка болеста не се пренесува лесно и ризикот од епидемија е низок.

„Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на мали сипаници (вариола вера). Симптомите обично вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и грбот, зголемени лимфни јазли, замор, осип на кожата што може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото, период на инкубација од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден.

Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се решава без потреба од специфичен третман. Сепак, кај луѓе со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации“, пишува Даниловски на својот Фејсбук профил.

Болеста се пренесува преку директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице, близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос, контакт со контаминирани предмети како што се облека, постелнина или кујнски прибор и респираторни капки.

„Важно е што оваа болест не се пренесува лесно. Потребен е близок и продолжен контакт“, вели Даниловски.

Според него, ризикот од епидемија е многу низок. За да се заштитат од ова, нагласува тој, граѓаните мора да одржуваат хигиена.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Најнови вести

To top