Македонија

Еуроњуз: Албанка од Македонија пронајдена мртва во Италија

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија

49-годишна жена од албанско потекло од Македонија беше пронајдена мртва во средата во нејзиниот дом во село во близина на Анкона, објави Еуроњуз.

Италијанската полиција се сомнева дека жената била претепана до смрт од нејзиниот 50-годишен сопруг, кој исто така е од албанско потекло, јави Евроњуз.

 

Мажот на денот на убиството не се појавил на работа.

Двојката неодамна се соединила по одреден период на разделба.

 

Италијанските медиуми објавуваат дека 50-годишникот бил уапсен минатиот април по брутален напад врз неговата сопруга.

Во тоа време, тој ја нападнал сопругата со секира, кршејќи ја вратата од спалната соба.

Жената успеала да избега буквално во последен момент, наоѓајќи засолниште во куќата на соседот.

Сторителот се сомневал дека неговата сопруга го изневерува.

Таа подоцна му простила и ја повлекла пријавата, што довело до нивно повторно соединување во јули.

За жал 49-годишната жена во вторникот била пронајдена мртва во кревет, со видливи знаци на тепање и повреди на главата.

 

Според италијанските извештаи, жената контактирала со властите неколку пати од јануари, жалејќи се дека нејзиниот сопруг ја малтретирал и систематски ја злоставувал речиси две години.

За разлика од македонските медиуми кои кога пишуваат за вакви случаи велат дека жртвата или напаѓачите од Македонија или македонски државјани во извештајот на Еуроњуз се наведува дека се работи за Албанци од Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top