Македонија

Еве по кои улици ќе се движи БРТ (ВИДЕО)

Со оваа линија ќе се поврзат источниот и западниот дел од градот -Нов0 Лисиче со Ѓорче Петров – со брз и ефикасен јавен превоз низ најфреквентните градски зони

Трасата започнува од Ново Лисиче, продолжува преку булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, поминува на Железничката станица, а потоа низ „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ влегува во централното градско подрачје.

Понатаму, линијата се движи по „Димитрие Чуповски“, низ пешачката зона кај Рекорд, продолжува по „Даме Груев“ и булеварот „Партизански одреди“, минува преку мостот „Обединети нации“, низ Влае и завршува во Ѓорче Петров.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев и во криза сега е чинител на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба, катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини , незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба, оцени Мицкоски.

To top