Македонија

Премиерот Мицкоски денес на предавање улици во употреба во Брвеница и Милетино, Тетовско, финансирани од Владата и локалната власт

Значајни активности на осовременувањето на комуналната инфраструктура во општина Брвеница, во тетовскиот регион.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе го посети општинскиот центар Брвеница денес, на 4 септември 2025 година и во 12 часот и 30 минути и ќе присуствува на пуштање во употреба на тамошната улица „Коста Рацин“. Владата на Република Македонија го финансираше проектот со 150 илјади евра.

Потоа претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино. Владата го финансираше овој проект со 88 илјади евра, а другиот дел е финансиран од буџетот на Општина Брвеница со 179 илјади евра.

По предавањето на овие комунални инфраструктурни објекти предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите во Милетино.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top