Македонија

ЕВН Македонија го започна проектот „PULSE“ за јакнење на улогата на жените во енергетската транзиција

Со овој проект, ЕВН Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде активен чинител на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина

Во просториите на ЕВН Македонија, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, кој е насочен кон јакнење на улогата на жените и унапредување на родовата инклузивност во енергетскиот сектор.

Со поздравно обраќање, настанот го отвори Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, истакнувајќи ја важноста на инклузивното лидерство за успешна и одржлива енергетска транзиција.

На настанот се обрати и министерката Божиновска, која го поздрави стартот на проектот и иницијативата на ЕВН активно да поттикне што поголема вклученост на жените во енергетскиот сектор. Таа истакна дека ваквите проекти се од суштинско значење за создавање порамноправна, поиновативна и поотпорна енергетска иднина.

Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН Македонија, Александра Витман, преку видео обраќање ги поздрави присутните и ја нагласи долгорочната посветеност на ЕВН Групацијата кон родовата еднаквост и разновидност како и поддршката од Надзорниот Одбор на оваа значајна иницијатива.

Таа истакна дека искористувањето на различните перспективи и таленти е клучно за градење одржлив енергетски систем, при што жените – како вработени и носители на одлуки – имаат суштинска улога во успехот на организацијата. Исто така Витман ја подвлече важноста од активна вклученост на сите вработени, со мажите како клучни сојузници во градењето инклузивна и успешна организациска култура.

Проектот PULSE беше презентиран од страна на Анета Петровска-Русомароски, раководител на Одделот за иновации, одржливост и заштита на животната средина во ЕВН Македонија. Тој опфаќа повеќе меѓусебно поврзани активности, меѓу кои регионални и меѓународни соработки, анализа на родовата рамноправност, менторска програма, инклузивно лидерство, средби со заедницата и создавање мрежа на жени, со цел систематски и долгорочно да се зајакне резилиентноста и учеството на жените во енергетската транзиција.

Настанот заврши со инспиративна и мотивирачка дискусија на тема „Лидерство, искористување на сопствениот потенцијал и врвните перформанси низ професионалните и животни патеки“, во кој учествуваа проф. д-р Сашко Кедев и Анета Петровска-Русомароски. Преку лични и професионални искуства, д-р Кедев – интервентен кардиолог и алпинист – зборуваше за предизвиците, издржливоста, автентичноста, мотивацијата и храброста да се преземат конкретни чекори во животот и кариерата, испраќајќи силна порака за лична и колективна одговорност, истрајност и охрабрување.

Со овој проект, ЕВН Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде активен чинител на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина.

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top