Македонија

ФБ војна помеѓу Трипуновски и Љупчо „путерот“

Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот.

Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците, вели Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во објава на социјалните мрежи.
Неговата политичка кариера е завршена, па вака со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели. Со лаги и дезинформации не се владее.

Повторувам, нема простор за загриженост Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата, порача Трипуновски.

 

Неговата реакција следи откако вчера по неговото гостување во Тема на денот екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски на социјалните мрежи побара оставка.
„ Замислете блокирани се 130 милиони евра европски пари – средства што требаше да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови вработувања, а тој зборува за глупости, демагогии и неосновани обвиненија.

Овие пари не се бројка на хартија. Тоа требаше да бидат неповратни грантови за наши земјоделци, за млади луѓе кои вложиле труд, пари и надеж дека државата и Европа стојат зад нив“ – напиша Николовски.

Трипуновски вчера во Тема на денот објасни дека само 50тина договори кои што се во фаза на реализација од ИПАРД програмата се стопирани додавајќи дека откако стапил на позицијата министер поднел серија документи до Јавното обвинителство за наводно незаконско постапување на Николовски додека бил министер за што обвинителите се уште не реагираат.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top