Американското Федерално истражно биро (ФБИ) упати јавна честитка до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Македонија за соработката во апсењето на 20-годишниот Е.А. од тетовска Голема Речица, администратор на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“.
„ФБИ им честита на нашите партнери од Одделот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн пазар OLVX.
Активен во периодот од 2023 до 2025 година, OLVX е осомничен дека незаконски продавал лични податоци на жртвите (PII) и акредитиви за најава преку повеќе од 1.500 продавачки профили. Постоењето на овој пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани кои се потпираат на интегритетот на профилите што ги користат.
Оваа акција за прекинување на работата претставува прва сајбер-операција координирана меѓу ФБИ и Северна Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ за соработка со партнери ширум светот со цел заштита на американскиот народ во сајбер-просторот“, се вели во објавата на ФБИ.