Македонија

Филипче чека странска рака да го направи премиер

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за Филипче не постојат „црвени линии“ кога станува збор за јазикот, идентитетот и националните прашања

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, како што наведуваат, „чека странска рака да го направи премиер, а не македонскиот народ“.

Од партијата тврдат дека Филипче со месеци испраќал сигнали дека е подготвен на нови национални отстапки, што според нив е потврда дека СДС и актуелното раководство би направиле сè за повторно да дојдат на власт.

„Филипче размислува исто како Заев, да потпише сè што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за Филипче не постојат „црвени линии“ кога станува збор за јазикот, идентитетот и националните прашања. Според партијата, тој со месеци му се додворувал на бугарскиот претседател Румен Радев и би прифатил уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот.

Од владејачката партија посочуваат дека, иако Филипче тврди дека македонскиот идентитет не е загрозен од бугарските ултиматуми, официјалните бугарски позиции, како што велат, се насочени кон негирање на македонската посебност, јазик и историја.

„Оттука е јасно дека на Филипче не му претставува проблем македонските револуционери да бидат прогласени за Бугари, затоа што очигледно нема ништо заедничко со нивните идеали и се залага за обезличена Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се критикува и периодот кога СДС беше на власт. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека партијата ветувала европско здравство и економски просперитет, но дека ниту едно од тие ветувања, според нив, не било исполнето. Наместо тоа, како што тврдат, функционери блиски до СДС „се луксузирале на грбот на народот“.

Партијата дополнително обвинува дека актуелното раководство на СДС и Филипче се поврзуваат со скандали за јавни набавки, купување медиуми и надворешна политика заснована на тргување со националниот идентитет.

Според ВМРО-ДПМНЕ, токму ваквите политики се причината поради која СДС доживеала повеќе изборни порази.

„Филипче се бори за туѓи агенди и му се додворува на Радев затоа што нема поддршка од македонскиот народ. Македонските граѓани не се со кратка меморија и добро се сеќаваат како СДС, додека беше на власт, се пазареше со националните интереси“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека Филипче се обидува да дојде на власт преку, како што велат, прифаќање нова национална отстапка и потпишување „нов бланко-лист“.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. ред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

Шестотини тони мазут недостигаат од државните резерви

Државниот завод за ревизија утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, меѓу кои и тоа што Министерството за одбрана повеќе од осум години не го вратило заемот од 600 тони мазут, со што се намалени државните резерви на овој стратегиски енергент.

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации.

Осомничените за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија

Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи, Вадедин Даути

Најнови вести

To top