Македонија

Филипче и СДСМ го навредија најмоќниот човек во Стејт департментот на САД одговорен за Европа и Евроазија

Неискусниот лидер на Бихаќка му објави војна на Стејт департментот на САД

Лидерот на СДСМ Филипче и неговата партија јавно го навредија најмоќниот човек во Стејт департментот на САД одговорен за Европа и Евроазија.

Во обид да ги понижи претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски лидерот на СДСМ го навреди главниот оперативец на американската надворешна политика во Европа и Евроазија Брендан Ханрахан.

Зборувајќи на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, Филипче, кој очигледно не ги познава состојбите во Вашингтон го нарече Ханрахан најниско рангиран дипломат на САД.

Според Филипче кому според изјавата целта му е да ја понижи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, средбата со десната рака на американскиот државен секретар Марко Рубио е дебакл за Македонија.

Неискусниот Филипче со тоа влезе во судир со најмоќната светска дипломатија.

„Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано“, порачал Филипче на партискиот настан се подоцна оваа навреда за Ханрахан е објавена и на официјалниот профил на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук.

Според фотографијата што ја објавува министерот Муцунски на Трансатлантска вечера со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и ЕУ која ја организира државниот секретар на САД, Марко Рубио, од неговата лева страна седи шефот на НАТО Марк Руте а од левата страна токму Брендан Ханрахан.

За Филипче средбата на Сиљановска Давкова и Тимчо Муцунски со Ханрахан кого го прикажува како дипломатски маргиналец ја користи за да прикаже дека Македонија за време на Генералното собрание на ОН немала сериозни разговори во Њујорк.

Иако според објавите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и Тимчо Муцунски се гледа дека на мултилатералниот настан и на маргините на Генералното собрание на Светската организација тие учествувале на десетици настани и се сретнале со десетици светски лидери, Филипче во навредливата изјава тврди дека „Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции“.

Од објавите на Сиљановска Давкова нема ниту една селфи фотографија но има фотографии и информации од важни форуми на ОН како на пример тие посветени на жените и младите каде Сиљановска Давкова била меѓу главните соговорници и каде претходно немало македонски говорници.

Според објавените информации Сиљановска Давкова учествувала и на десетина други настани како на пример тие на престижните универзитети Колумбија и Харвард каде била главен говорник.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Најнови вести

To top