Македонија

Филипче ја обвини Сиљановска Давкова за изолација и се сретна со државна секретарка

Потенција и средба на високо ниво во патики

Една недела откако лидерот на СДСМ ја обвини претседателката Гордана Сиљановска Давкова за изолација во Обединетите Нации Филипче се пофали со средба со државна секретарка.

За разлика од Сиљановска Давкова која за десетина дена на различни настани во Њујорк и Копенхаген и Тирана седеше на иста маса со триесетина светски лидери на Филипче не му е срам да напише цел трактат за средба со државна секретарка во словенечкото МНР.

Филипче преходно предизвика дипломатски скандал и инцидент кога Директорот на Бирото за Европа и Евроазија во Стејт департментот Брендан Ханрахан го навреди нарекувајќи го најниско ниво на дипломат.

Ханрахан важи за десна рака на американскиот државен секретар Марко Рубио.

Откако претходно во Париз се сретна со понизок ранг на дипломати на кои им ја претставил резолуцијата за Црвените линии пред да ја презентира дома, Филипче објавува долг текст за средбата со словенечката државна секретарка во кој има јазични грешки.

На средбата Филипче отишол со патики.

,,🇲🇰🤝🇸🇮 На денешната средба со словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич, ја истакнавме потребата од брзо преземање на конкретни чекори за одблокирање на преговарачкиот процес со ЕУ.

Таа истакна дека Словенија останува наш силен поддржувач на евроинтегративниот пат, и партнер во исполнувањето на обврските и побрзо постигнување на европските стандарди.

На средбата беше потенцирано дека има јасен консензус во ЕУ за проширување до 2030 година со нови држави членки, моментум кој треба да го искористи и Македонија.

Затоа овој период мора властите да се фокусираат и одлучно да дејствуваат во спроведувањето на реформската агенда и обврските од Преговарачката рамка.

За успешно завршување на овој државнички проект потребен е политички дијалог и национален консензус. Тоа е потврда дека политичките партии не зборуваат само декларативно за ЕУ, туку дека вистински се залагаат и работат за остварување на стратешка определба на државата, а тоа е полноправното членство во ЕУ.

Чекањето не оди во прилог на државата. Граѓаните ги очекуваат потребните реформи за трансформација на македонското општество, согласно европските стандарди и принципи.

Словенија ќе продолжи да го поддржува регионот и да ги потенцира достигнувањата на земјите од Западен Балкан кај европските партнери”, објави Филипче која ги меша поимите потенцира и потенцијал.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје – Будимпешта e значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот, објави премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Будимпешта, каде, како што е најавено, ќе престојува во политичко-економска посета на Унгарија. -Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди – објави Мицкоски на Фејсбук.

(Фото): Владата посветена на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542 евра.

Апелација ги зголеми казните за 13-те велешани, осудени за силување девојче на возраст под 14 години!

Апелацискиот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година. Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради првично ниските казни и одлуката на судот да дозволи гаранција за првообвинетиот на почетокот на процесот. 

Бензините поефтинуваат од ноќеска на полноќ, а дизелот ќе има иста цена – Македонија е со најефтини горива во регионот!

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top