Македонија

Филипче ќе биде на чело на Фронт за вистина и правда

Засега не се открива кој ќе биде дел од новиот фронт на Бихаќка

Лидерот на СДСМ Венко најави дека ќе застане на чело на Фронтот за вистина и правда во кој според партиските најави се вклучуваат партии, интелектуалци, млади и граѓански организации.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го најави Фронтот за вистина и правда, посочувајќи дека во него се вклучуваат различни општествени групи и политички субјекти, обединети околу вредностите за Европска Македонија.

„Денес го објавувам фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите обединети околу вредностите за Европска Македонија“, посочи Филипче.

Филипче нагласи дека процесот на објавување на учесниците ќе се одвива постепено и во фази.

„Кој сè е дел од тој фронт, ќе објавуваме во фази, постепено. Јас во име на фронтот ќе ги презентирам идеите и принципите, како и главните програмски столбови“, појасни Филипче.

Филипче објасни и дека дел од учесниците засега нема да бидат објавени за да се избегнат притисоци и да се поштедат луѓето од црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ ги претстави и основните столбови на програмата на заедничкиот Фронт.

„Нашата заедничка програма, Фронт за вистина и правда, има четири главни столбови. Прво, нулта толеранција за корупција и европска правда. Второ, иднина за младите. Трето, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард. И четврто, силно село и земјоделци“, изјави Филипче.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top