Македонија

Филипче лут – ja повлече пратеничката група на СДСМ од Комисијата за финансирање и буџет

Претседателот на СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседателствува Сања Лукаревска

 

 

„Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на земјата за огромни суми, стотици милиони евра, милијарди евра пари, кои не одат никаде, освен строго контролирано во партиските фирми преку тендерските постапки“, зоопшти Венко Филипче.

„Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа.

Тој дополнително рече дека сака да укаже и на уште еден, како пто кажа – скандал:

„Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија – рече Филипче на прес конференција.

Филипче рече дека вкупниот долг на земјава од 8,5 милијарди евра во 2024 година, сега е близу 11 милијарди евра.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Им го честитаме резултатот на СДС во Брвеница! Им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело!

„Поддршката која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се!“ – им порачува со иронија ВМРО ДПМНЕ на политичките ривали на „Бихаќка“ во Скопје.

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените, поврзани со полагањето на правосудниот испит

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да […]

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Најнови вести

To top