Македонија

Филипче останува на чело на СДСМ без разлика на исходот од локалните избори

Имал поинаква визија

Независно од исходот на локалните избори, Венко Филипче планира да остане на позицијата претседател на СДСМ. Тој во гостување во „360 степени“ на МРТ 1 рече дека ја презел партијата во многу тешко време, по катастрофалниот пораз на парламентарните и претседателските избори и дека неговата визија ги надминува овие локални избори.

„Мојата визија е малку подолгорочна, во периодот после локалните избори вклучува сериозно окрупнување на сите опозициски партии. Мотивацијата е сè поголема, имајќи предвид дека сметам дека земјава сериозно заглавува“, рече Филипче.

Запрашан што доколку одредени структури во партијата го постават прашањето за негова доверба, тој вели дека структури што креираат такви потенцијални сценарија ќе има, има и сега, но и оти независно од финалниот резултат, тој планира да остане на позицијата.

Линк до оргиналната вест:

https://360stepeni.mk/filipche-ke-ostane-na-kormiloto-na-sdsm-bez-razlika-na-ishodot-od-lokalnite-izbori/

Најнови вести од: Македонија

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top