Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на регионална средба со општинските организации од ИЕ4 во Струмица истакнал дека партијата подготвува нова програма и меѓународна иницијатива за борба против корупцијата.
„За крајот на мај или почетокот на јули планираме да се случат две работи: прво, една меѓународна средба на која што ги каниме сестринските партии од регионот во еден заеднички фронт на Европа за борба против корупцијата, и за тоа ни дава поддршка и дел од европските социјал-демократски партии, и тоа ќе биде форма на таканаречена Скопска иницијатива,“ рекол Филипче објави СДСМ.
Тој додал дека ќе се организира и програмски конгрес на кој ќе се претстави новата програма на СДСМ за следниот период, со конкретна понуда за граѓаните и критика за актуелните политики на власта.
„На програмскиот конгрес ќе ја аплицираме нашата нова програма и ќе излеземе пред граѓаните со конкретна понуда, зашто политиките што ги спроведува оваа власт се само изговори”, рекол Филипче.“