Македонија

Филипче: Правната држава е загрозена поради притисок врз Судскиот совет

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции остро ја обвини актуелната власт за директен притисок врз судството и систематско нарушување на независноста на институциите.

facebook.com/filipce.venko

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции остро ја обвини актуелната власт за директен притисок врз судството и систематско нарушување на независноста на институциите.

Филипче се повика на последниот Извештај на Европската комисија, во кој експлицитно се констатира дека независноста и финансиската автономија на правосудството се сериозно загрозени поради мешање од извршната и законодавната власт. „Притисокот врз членовите на Судскиот совет директно ја поткопува правната држава“, подвлече тој.

Лидерот на СДСМ ги издвои трите клучни препораки на Брисел кои Владата мора итно да ги исполни: – донесување нов Закон за парнична постапка целосно усогласен со европските стандарди (со двотретинско мнозинство); – забрзана имплементација на стратегијата за реформи во судството; – доследно унапредување и користење на АКМИС-системот за електронска распределба на предметите, како основен услов за транспарентност и независност.

Филипче посебно предупреди дека Европската комисија изразува сериозна загриженост за слабата борба против корупцијата, која сè повеќе станува системски проблем. Според него, неопходно е итно кадровско и финансиско зајакнување на Јавното обвинителство, особено во гонењето случаи на висока корупција.

„Пораките од Извештајот се јасни и алармантни – реформите се блокирани. Институциите мора веднаш да престанат со политичко мешање во судството и да започнат вистински, суштински реформи во интерес на граѓаните и европската иднина на земјата“, порача Филипче.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top