Македонија

Филипче: СДСМ е единствена партија која може да и парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави создавање на многу поширок, посилен и поорганизиран опозициски фронт во наредните месеци, со вклучување не само на политички чинители, туку и на граѓански организации.

sdsm.org.mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави создавање на многу поширок, посилен и поорганизиран опозициски фронт во наредните месеци, со вклучување не само на политички чинители, туку и на граѓански организации. Тој подвлече дека СДСМ е единствената политичка сила способна да ѝ парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ.

„Потребен ни е многу поширок, посилен и поорганизиран фронт – тоа е една од лекциите кои ги научивме за време на овие локални избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот што следи“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Тој потврди дека следуваат промени во раководството и политиките на СДСМ, но нагласи дека идеолошката основа и вредносните политики на Социјалдемократскиот сојуз остануваат непроменети. Подолг период, додаде, се работи на нова програма што опфаќа различни сектори во согласност со социјалдемократските принципи.

Филипче ги следи реакциите и незадоволството во јавноста и во партиското членство по изборните резултати, кои ги поврза со неисполнети очекувања.

„Разговарам со многу луѓе, ги пратам и реакциите кои стигнуваат до мене преку социјалните мрежи. Ја разбирам негативната емоција, сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи изборите и ги разбирам граѓаните. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат ќе може да се дебатира поразумно, пофер и поотворено. Од бројните разговори ќе ги водам ќе ги изберам најдобрите луѓе кои ќе бидат дел од тимот во следниот период. Најавив дека тоа ќе се случи оваа недела, но сепак ќе треба повеќе време, не сакам да се избрза со тој процес“, додаде лидерот на СДСМ и најави динамичен период во опозицискиот блок.

Филипче претходно изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател, но дека локалните избори се јасен патоказ за потребните политички и кадровски промени. По вториот круг на локалните избори, оставка поднесе една од потпретседателките на СДСМ, Ана Чупеска.

Најнови вести од: Македонија

Нов повик за инвертер-климатски уреди: првпат целосно електронско пријавување со забрзана и поедноставена постапка!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top