Македонија

Филипче за „златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО

Лидерот на СДСМ одново остана недоречен околу обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ со алузија на Харис Џиновиќ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, остана недоречен за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поседува „златна виза“ за престој и работа во Дубаи и во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

„Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО. Тоа е на ниво на развој на мојата кариера, кога јас веќе можам да бирам. Јас зборувам за моите помлади години, кога сум престојувал во Америка, во разни европски земји“, (ништо не) објасни Филипче.

„Секогаш ми било полесно оттука да мечтаам за негде надвор, отколку кога сум бил надвор да мечтаам за тоа тука. Ние тука созреавме и пораснавме“, рече тој, додавајќи дека во одредени моменти размислувал трајно да ја напушти Македонија, но превладала емотивната поврзаност со татковината.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top