Македонија

Филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи утревечер премиерно во „Синеплекс“

Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи утревечер премиерно ќе биде прикажан во киното „Синеплекс“. По премиерата, ќе почне целосна дистрибуција низ Македонија и веќе се закажани проекции во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка

Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи утревечер премиерно ќе биде прикажан во киното „Синеплекс“. По премиерата, ќе почне целосна дистрибуција низ Македонија и веќе се закажани проекции во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка.

Сценариото е на Јани Бојаџи, кој е и продуцент и композитор. Извршен продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија Дарио Секуловски, монтажер Давид Дулев, продукциски дизајнер Јани Бојаџи. Сценограф е Гоце Попов, костимограф Зорка Тодорова, а шминкер Ирена Сенокозлиовска.

Во главните улоги играат Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска.

-„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година. Плотот на приказната е фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа. Зборува за две семејства кои се соочуваат со последиците на одлуките кои ги носат т.н. глави на семејствата-татковците, мажи на извесна возраст од сите нации и религии во Македонија, неподготвени да се соочат со фактот дека последиците од одлуките кои тие ги носта најесто ги сносат нивните семејства и сите други семејства. Филмот е посветен на сите оние жени во Македонија кои се подготвени да ги одбранат семејствата и заедницата на која се посветени, вели Јани Бојаџи.

Според него, филмот се темели на актери, на актерската игра и смета дека центар на филмот е актерот и неговата човечност.

-Имав бескрајна среќа да имам во филмот актери со огромно човечко присуство. Ме интересира не само да се добри актери, туку и да се добри луѓе. Работевме 75 дена и навистина беше исклучително задоволство да се биде заедно, додаде Бојаџи.

Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

Најнови вести

To top