Македонија

„Фол“: Али Ахмети избега од кампањата во Македонија на протестот во Тирана, за да побара таму спас од поразот, што го чека на 19 октомври!

„На 19 октомври на локалните избори Албанците нема да гласаат за празни ветувања, ниту за злоупотребени знамиња, туку за враќање на достоинството и моралот во политиката. Али Ахмети го предаде идеалот на УЧК.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својот остар редакциски коментар.

„Учеството на Али Ахмети во Тирана на протестот во Тирана нема никаква врска со правдата за УЧК, тоа е само пројавување на неговиот политички очај, тоа е негов задоцнет обид да се спаси од поразот, што го очекува на 19 октомври. Али Ахмети дезертираше од предизборната кампања, за да добие поени во Тирана.“ – пишува „Фол“ во својот редакциски коментар со наслов „Протест, или бегство? Али Ахмети бара спас во Тирана од неуспехот во Македонија“.

Натаму, покрај другото, порталот нагласува истакнува: По две децении на власт Ахмети бара засолниште под знамето на војната, но заборава дека УЧК беше симбол на жртвата, а не на привилегијата и корупцијата. Во Косово поранешните лидери на УЧК се соочуваат со правдата во Специјалниот суд во Хаг, додека Али Ахмети го користи нивното име заради свои изборни цели. Ова е разликата меѓу патриотите кои жртвуваа, и политичарите, кои се криеја зад жртвувањето.

На овој протест за правда се случува поправо парада на стравот и неуспехот. Ова е обид за повторно разбудување на националните чувства, за да се сокријат кризите, кои ја потонуваат ДУИ, обид да се спаси оваа политичка структура, која веќе нема ниту легитимитет, ниту достоинство. – заклучува „Фол“ во својот редакциски коментар.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top