Македонија

(Фото): Хаос на „Евзони“ – граѓани со часови чекаат за излез од Грција

Огромни кологи и долги саати чекање на граничниот премин „Евзони“ пријавуваат македонски граѓани. Од голема гужва пред границата стојат веќе три до четири часа, а притоа немаат информации за прекини во работата на границата, ниту пак за штрајкови. 

Огромни кологи и долги саати чекање на граничниот премин „Евзони“ пријавуваат македонски граѓани. Како што посочуваат од голема гужва пред границата стојат веќе три до четири часа, а притоа немаат информации за прекини во работата на границата, ниту пак за штрајкови.

– Кон Македонија тргнавме уште во три часот од Флогита, до граница има еден саат. Но, ние се уште не можеме да ја поминеме границата. Се стои во место, како ништо да не се движи. Најлошо е што сме со мали деца и времето е топло, спарно, имаме доволно количини на вода, но не се доседува во кола, а дополнително не чека пат – вели револтирана скопјанка за порталот Фактор

Таа додава дека не ги знаат причините за долгото чекање, ниту пак можат да дознаат, но вели дека се чуствува голем револт меѓу останатите возачи, има свирежи, многумина се буткаат само побрзо да стигнат до границата и не се знае кој во која лента вози.

Вели дека најголем дел од возилата се со македонски и српски регистрации, поради што претпоставува дека гужвите се направени од голем број туристи кои сакаат да се вратат дома пред почетокот на школската година.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

To top