Македонија

(Фото): Како до сериозен развој на туризмот и рамномерниот регионален развој во сите делови од Македонија?!

Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

Министерот за локална самоуправа Перински во работна посета на Делчево и Берово – фокус на туризмот и рамномерниот регионален развој. Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари работни посети на општините Делчево и Берово. Министерот средбите со градоначалниците Ружински и Гоцевски и членовите на Советите ги искористи за дискусија за прашањата од значење за локалниот развој, за можностите кои им се ставени на располагање преку Ресурсниот центар, како и за процесот на ажурирањето на базите на даночни обврзници кој директно ќе придонесе кон зајакнување на самоодржливоста на општините.

Во фокусот на разговорите беше и информацијата дека од минатата недела се активни двата јавни повика наменети за проекти што ќе придонесат за рамномерен регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се обезбедени вкупно 223.423.000 денари.

  • „Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој стојат на располагање на општините за споделување на дополнителни информации и поддршка во процесот на аплицирање со предлог проекти“ потенцираше министерот Перински.

Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

  • „Во рамки на проектот, Општина Берово ќе ја реконструира 22- километарската оф-роуд велосипедска патека околу Беровско Езеро, а ќе се изгради и современ вело-хаб со сервисни и санитарни содржини. Овие инвестиции директно ќе придонесат за зголемување на бројот на посетители, продолжување на туристичката сезона и поттикнување на локалната економија“ нагласи градоначалникот Ружински.

Вредноста на проектот за Берово изнесува 117.736 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Во Делчево беше извршен увид на проектот од областа на туризмот „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград–Делчево“, кој се спроведува во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Северна Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“.

  • „Во моментов во Делчево интензивно се работи на изградба на скејт-паркот-катче за младите за рекреација и забава и уште една понуда спакувана во туристичката приказна на Делчево. Истовремено течат градежните работи за изградба на кејот на река Брегалница возводно во должина од 300 метри со што директно се влијае во заштитата од опасноста од поплави, а коритото на реката ќе се уреди со што ќе се промени сликата во централното градско подрачје и ќе прерасне во убаво место за рекреација“ изјави градоначалникот Гоцевски.

Вредноста на проектот за Делчево изнесува 347.636 евра, од кои 15% се обезбедени како кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Министерот изрази задоволство од динамиката на работа на градоначалниците, посочувајќи дека локални раководства покажуваат сериозна посветеност во справувањето со тековните предизвици.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top